Top
pesto

Како да направите домашно песто?

Руколата е многу хранлива и лековита и затоа е добро да се консумира често. Таа е богата е со јагленохидрати, протеини, калциум, магнезиум и витамини А, К, Ц и Б, содржи активни состојки кои имаат антиканцерогено дејство, има позитивно дејство на целокупното човечко здравје и спречува ризик од многу болести. Денес ви презентираме рецепт за домашно песто.

Потребни состојки:
100гр рукола
5 лажици маслиново масло
1 лажица морска сол
5 лажици ленено семе
3 лажици пармезан
2 чешниња лук
50гр индиски ореви
малку мелен црн пипер

Подготовка:
Ставете ги индиските ореви, руколата, пармезанот, лукот, солта и црниот пипер во блендер и убаво изблендирајте. Постепено додавајте го маслото и миксирајте. Ставете го пестото во стаклена тегла и одозгора прелијте го со малку масло. Во фрижидер може да стои до три недели.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>