Top
Чоколадо

Намирници кои ја намалуваат напнатоста пред првиот љубовен состанок

Чувството на нервоза и напнатост пред првата љубовна средба е сосема нормална појава. Научниците велат дека постојат четири намирници со кои ќе го намалите стресот во таквите ситуации.

  • Црно чоколадо
    Редовната консумација на црно чоколадо го намалува нивото на кортизол (хормонот на стрес), а влијае и врз намалување на анксиозноста. Едновремено, го засилува лачењето на серотонин (хормонот на среќа).
  • Мисиркино месо
    Ова месо не содржи големо количество на  јаглени хидрати, а има изобилство на протеини, па може да помогне при чувството на напнатост. Месото од мисирка содржи аминокиселина која го поттикнува хормонот на среќа што резултира со опуштање.
  • Зелен чај
    Испијте шолја зелен чај половина час пред излегување и тоа нека биде природен извор на енергија. Во шолјата ќе има и доза кофеин која ќе ве држи будни во следните 3 часа. Зелениот чај го освежува здивот, дури и подобро од паста за заби и гуми за џвакање со вкус на ментол.
  • Мед
    Малата ужина која содржи јаглени хидрати ќе помогне во одржување на нивото на расположение. Затоа, пред да тргнете на состанок, не размислувајте дали да изедете еден мафин со мед.



Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *