Top
Choko-kocki-iLike-mk

Чоколадни плочки со урми, бадеми и ореви

Ви претставуваме еден вкусен десерт за чија подготовка нема да ви биде потребно многу време, ниту пак, многу ќе ве чини. Покрај тоа, тој е здрав и ќе ви даде дополнителна енергија.

Потребни состојки:
– 1 чаша урми
– 1 чаша бадеми
– 1/2 чаша ореви
– 2 лажици кокосово масло
– 1/2 чаша кокосово брашно
– 1 лажица какао во прав
– 50 гр. темно чоколадо

Подготовка:
Потопете ги урмите во топла вода и чуваје ги 10 минути во неа, а потоа убаво исцедете ги. Урмите, бадемите и оревите изблендајте ги заедно. Додадете ги сите останати состојки освен темното чоколадо. Добиената смеса распоредете ја на плех, а потоа ставете ја во фрижидер 30 минути. Стопете го чоколадото и полејте го на изладената смеса. Доколку сакате посипете одозгора со мелени или сецкани бадеми. Повторно вратете го плехот во фрижидер и оставете додека чоколадото не се стврдне. Потоа исечете ја смесата на коцки и послужете ги енергетските плочки.

Добар апетит!




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *