Top
voda-so-vkus

Домашна витаминска вода

Доколку и вие се вбројувате во оние луѓе кои не сакаат да пијат вода, а сакате освежувачки пијалоци кои изобилуваат со витамини, тогаш подгответе си ја оваа вода која освен што е вкусна, го подобрува работењето на метаболизмот.

Потребни состојки:
– 2l вода
– 1 лажица рендан ѓумбир
– 1 краставица
– 1 лимон
– неколку листови нане

Подготовка:
Краставицата и лимонот исечете ги на коцки, а ако плодовите се домашни, можете и со лушпа да ги искористите. Ставете ги во стаклен сад, прелијте со вода и додадете ги ливчињата нане. Водата треба да отстои 8 часа. Состојките во оваа вода имаат посебно дејство во пределот на стомакот, бидејќи го забрзуваат метаболизмот и го ослободуваат телото од собраните токсини.

Лимонот, како што веќе знаете, изобилува со витамин Ц и поттикува прочистување на организмот.
Краставицата содржи 90% вода од која се ослободуваат состојки заслужни за детоксикација на телото.
Ѓумбирот помага во одржување на гликемискиот состав под контрола, а воедно ги намалува грчевите во стомакот.
Нането стимулира согорување на масните наслаги, помага во елиминација на токсините од телото и ги ублажува болките во стомакот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *