Top
bounty

Чоколада “Bounty” подготвени за 10 минути

Многу од нас уживаат во вкусот на “Bounty”, добро познатите чоколада со кокос. Со овој рецепт можете и сами да ги ги направите омилените чоколада, а за подготовка се потребни само 4 состојки и 10 минути од вашето време.

Потребни состојки:
– 200ml кондензирано млеко или хопла
– 150g кокос
– 400g шеќер во прав
– 400g чоколадо (млечно или со поголем процент на какао)

Подготовка:
Во сад ставете го млекото и додадете го кокосот. Потоа додадете го шеќерот во прав и мешајте додека не добиете густа смеса. Смесата ставете ја во правоаголен калап и ставете ја во ладилник да се олади. Откако ќе се излади и стврдне, исечете ја на правоаголни парчиња. Таквите парчиња натопете ги во растопеното чоколадо и вратете ги во ладилник додека чоколадата потполно не стврдне.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>