Top
cokoladna-lava

Лесен рецепт за чоколадна лава

Доколку и вие се вбројувате помеѓу оние кои често сакаат нешто благичко, тогаш морате да го пробате овој едноставен рецепт за вкусна чоколадна лава. За подготовка на овие колачи се потребни само три состојки:
– 3 јајца
– ¼ шолја брашно
– 250g млечно чоколадо или чоколадо за готвење

Подготовка:
Со жица за матење најпрво изматете ги јајцата, па потоа додадете го и брашното. Матете додека смесата не се соедини. Стопете го чоколадото и додадете го кај брашното и јајцата. Смесата матете ја со жица за матење, додека не добиете хомогена смеса. Земете хартиени кошнички за мафини и смеса ставете во ⅓ од нив. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Колачите треба да се испечат само однадвор, а средината треба да остане мека, односно течна.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>