Top
cokoladen sejk

Чоколаден шејк кој не накачува килограми

Несомнено е дека љубителите на чоколадата ќе уживаат во вкусот на овој чоколаден шејк, кој е здрав и полн со вкусни и хранливи состојки. Идеален сојузник е во борба против вишокот килограми, а неговиот вкус никогаш нема да ви здосади. Ако сакате на своето тело да му го овозможите само најдоброто, тогаш мора да го пробате.

Состојки:
– 400ml бадемово млеко
– 3 зрели банани
– 2 дланки свежи јагоди
– 2 лажици какао
– 1 лажица мака во прав
– 1 лажица чија семе
– 2 лажици кокосово млеко
– 2 лажици ванила
– 1 лажица цимет
– прстофат сол

Подготовка:
Сите состојки се матат во блендер. Состојките се ставаат по наведениот редослед. Во овој шејк може да се додаде и друго свежо или суво овошје.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>