Top
smudi

Будилници во чаша – смуди со кафе

Смудито е освежувачки оброк во чаша кој ни дава енергија за почеток на денот. Љубителите на кафе треба да пробаат некој од овие рецепти за смуди со кафе кои се подготвуваат во блендер за помалку од една минута. Рецептите во продолжение се однесуваат на смуди за едно лице.

СМУДИ СО БАНАНА И КАФЕ
– 100ml млеко
– 2 лажици овесни снегулки
– 1 чајна лажичка мед
– прстофат цимет во прав
– 100ml ладно кафе
– 1 замрзната банана
– неколку коцки мраз

Подготовка: Сите состојки измешајте ги во блендер сѐ додека смесата не стане хомогена. Овој пијалок содржи 220 калории, 7g протеини, 45g јаглехидрати, 4g растителни влакна и 25g шеќери.

СМУДИ СО ВИШНА И КАФЕ
– 150g замрзнати вишни
– 175ml бадемово млеко
– 120ml ладно кафе
– 1/2 лажица екстракт од ванила

Подготовка: Сите состојки измешајте ги во блендер сѐ додека смесата не стане хомогена. Овој пијалок содржи 120 калории, 2g протеини, 23g јаглехидрати, 3g растителни влакна и 19g шеќери.

СМУДИ СО ОРЕВИ, ЦИМЕТ И КАФЕ
– 2 лажици суво грозје
– 2 лажици ореви
– 160ml млеко
– ½ чајна лажичка цимет
– ½ чајна лажичка екстракт од ванила
– 100ml јогурт
– 1 замрзната банана
– 100ml кафе замрзнато во калапче за мраз

Подготовка: Сите состојки измешајте ги во блендер сѐ додека смесата не стане хомогена. Овој пијалок има 410 калории, 18g протеини, 59g јаглехидрати, 6g растителни влакна и 40g шеќери.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *