Top

5 oсвежителни пијалоци кои се подготвуваат за 5 минути

Во овие неподносливо топли летни денови, на нашето тело му е потребно освежување. Наместо да купувате сокови со вештачки бои и ароми, направете си некое од следните природни освежителни пијалоци.

Oвошна бомба

Потребни состојки:
2 шолји брусница или малини
6 шолји вода
2 шолји цеден сок од портокал
2 шолји парчиња ананас

Подготовка:
Сите состојки изматете ги во блендер и на крај додадете неколку ливчиња нане. Оваа овошна бомба содржи голема количина на витамини и минерали кои ќе ви дадат енергија.

Црвена рапсодија

Потребни состојки:
2 шолји рибизла
1 шолја со парчиња лубеница
½ шолја сок од бозел или сок од лимон
1 лажица мед
½ шолја сецкани ливчиња нане

Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер. Откако убаво ќе се изматат, ставете ги ливчињата нане. Овој пијалок освен што ќе ве освежи, и ќе ве засити.

Киселко освежување

Потребни состојки:
1 манго, исечено на мали парчиња
Цеден сок од 2 портокали
Цеден сок од 1 лимон
Половина кора од лимон

Подготовка:
Сите состојки заедно се матат во блендер. Додадете неколку коцки мраз и имате одличен освежителен пијалок.

Црвен сок

Потребни состојки:
1 шолја малини
1 шолја вишни
Цеден сок од 2 портокали
Сецкани парчиња цитрон

Подготовка:
Во блендерот прво ставете ги малините и вишните, и матете ги на мала брзина. Потоа додадете го сокот од портокал и парчињата цитрон.

Леденo освежување

Потребни состојки:
1 шолја сецкани парчиња праски
1 кафена лажичка шеќер
Чај од хибискус

Подготовка:
Најпрво подгответе го чајот од хибискус. Потоа во блендер изматете ги праските и шеќерот. Ставете го и чајот од хибискус и неколку коцки лед. Овој пијалок се препорачува против замор.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>