Top
4-lesni-letni-sosovi-za-testenini_iLike_mk

4 лесни летни сосови за тестенини

Тестенините се вкусна храна која заситува, а доколку се одлучите за интегрални теснини, не мора премногу да се грижите за добрата линија. Вистинската калорична опасност се крие во сосовите кои честопати се тешки и масни. Пробајте неколку лесни, а сепак вкусни сосови кои не содржат повеќе од 400 калории.

СОС ОД СПАНАЌ
Состојки: 15 грама семки од сончоглед, малку кромид, 2 лажици масло, 100 грама спанаќ, 2 лажици полномасен јогурт, половина лажица густин и мускантно оревче.
Подготовка: Прво пропржете ги семките од сончоглед. Во тава загрејте го маслото за јадење, додајте го исецканиот кромид и спанаќот и пропржете неколку минути. Јогуртот помешајте го со густинот и додајте го во тавата со спанаќ. Зачинете со мускантно оревче и семките од сончоглед.

СОС ОД СВЕЖ ДОМАТ
Состојки: 2 големи домати, мал кромид, 2 чешниња лук, 2 лажици маслоново масло и босилок.
Подготовка: Доматитие исечете ги на коцки. На масло пропржете ги исецканиот лук и кромид, дојајте ги доматите и зачинете со босилок. По желба може да додадете и малку туна.

СОС ОД ТИКВИЦИ
Состојки: 150 грама тиквица, 2 лажици маслиново масло, 1 конзерва сардина, 2 лажици неутрална павлака и босилок.
Подготовка: Тиквиците насецкајте ги на мали коцкички и пропржете ги на маслиново масло. Додајте малку супа и гответе додека не испари. Сардините исечете ги на мали парчиња и додајте ги во садот со тиквици. Додајте павлака и свеж босилок.

СОС ОД БРОКУЛА
Состојки: малку кромид, малку лук, 1 лажица масло за јадење, 2 домати, 175 грама брокула, 100 мл супа и пола лажичка густин.
Подготовка: На маслото за јадење пропржете ги лукот и кромидот. Додајте го доматот исечкан на коцки и брокулата разделена на мали парченца. Мешајте неколку минути на оган и додајте ја супата. Прекријте и оставете да се готви 5 минути.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>