Top

Мешавина на латино танци и аеробик – ЗУМБА

Зумба, мешавина помеѓу латино танц и аеробик. Едночасовна забава каде што вежбањето се претвора во уживање и неверојатна исполнетост. Забава каде што можете да играте на ритамот на вашите омилени латино танци. Сензуално и динамично во исто време. Одговара на луѓето кои сакаат брзи нешта. Игра преку која ќе потрошите многу енергија, а на крајот на часот ќе се чувствувате со уште повеќе енергија. Зумбата како танц е пронајдена уште во 90-те години, но и требале околу 5-6 години за нејзиниот развој.



Нејзиниот основач е колумбискиот танчер и кореограф Алберто Бето Перез.
Еднаш на својот час по аеробик ја заборавил музиката за вежбите за тој ден и решил да импровизира со салса музика која случајно ја имал со себе. Часот бил апсолутен хит. И така настанала зумбата како танц.

Зумбата се појавила во САД во 2001, кога Перез ја донел во Мајами, Флорида. Во 2002 година почнуваат да се продаваат компакт дискови со зумба кореографии и со тоа се зголемува интересот за зумбата и за повеќе зумба инструктори, воопшто. Веќе во 2005 година поради преголем интерес се отворила Зумба Академијата која што била основана за да може да се обучуваат инструктори по зумба. Со ексклузивно водство од разновиден тим на професионални кореографи, фитнес експерти и сертифицирано-образовани специјалисти, Зумба Академијата поставила нови стандарди на фитнес програмата. На тој начин се обезбедува највисоко ниво на интегритет, квалитет и посветеност кон совршенство кое ги надминува стандардите.

Во зумбата нема ограничување, може да вежбаат и стари и млади, и мажи и жени.

Кореографиите се едноставни и лесни за следење. Тие во себе вклучуваат елементи од хип-хоп, самба, ча-ча-ча, салса, мамбо, дури и движења од стомачните танци. Вкупно 14 милион луѓе неделно посетуваат часови по зумба и тоа во повеќе од 140.000 локации во над 150 земји во светот.
Да бидеме реални, вежбањето може да биде здраво и да ни донесе голем бенефит.

Зумба фанатиците постигнуваат долгорочни бенефиции додека доживуваат апсолутна експлозија во еден возбудлив час на трошење калории, танц полн со инспирирачки движења кои вовлекуваат и освојуваат за цел живот. Доколку еднаш почнете да вежбате тешко дека ќе се откажете. Зумба часовите се “фитнес – забави” кои се вклопуваат оптимистички во светот и наменети за телото да го чувствува тренингот како прослава.

Зумбата ве вовлекува во нејзиниот свет и пред да забележите веќе сте станале зависни од неа!

Автор: Iv

iLiKE.MK ПРИМА НОВИ АВТОРИ! ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ТУКА.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>