Top
Trchanje-vo-son-ILike-mk

Зошто во нашите соништа трчаме во место?

Сигурно и вам ви се случило да сонувате како трчате во место и неможете да избегате напред. Мрдате со рацете напред – назад, газите по земјата чекор по чекор…

Кога сонуваме дека трчаме, чувствуваме потешкотии, тромавост, како да сме принудени да минуваме низ невидлив подвижен песок. Изгледа како да трчаме во едно место, или на забавена снимка.

Одредени истражувања покажуваат дека во целина е многу веројатно самите соништа да се одвиваат во бавно движење. Психологот од Универзитетот во Берн, Швајцарија, Даниел Ерлашер, направил експеримент, со цел да ја анализира мозочната активност за време на спиењето и да провери како нашиот мозок реагира на акција, додека спиеме. За да ја измери мозочната активност, тој направил истражување на луѓе кои ја совладале практиката да ги контролираат своите искуства, додека спијат и имаат спознаени сништа. Кога ги поттикнува да исполнат некоја активност, на луѓето им било потребно 50% повеќе време во споредба со вистинскиот живот.

Јан Валас, психолог и експерт за соништата, вели дека сонувањето како трчаме бавно во сон е популарна појава, но не е толку распространета. Тој вели: „Анализирав околу 200 000 сништа за мои клиенти и трчањето бавно е 55-ти најмногу чест сон”.

Многу често се случува луѓето да сонуваат и како трчаат со нормална или дури супер брзина. А кога го забрзуваме чекорот, обично тоа е почетокот на соништата во кои летаме. Валас интерпретирал илјадници сништа, поради што верува дека има конкретна причина за тоа чувство на забавување.

„Вашите нозе се главен мотор кој ви поминува низ животот“ – објаснува тој. „Ако имате чувство дека тие се движат полека, во таков случај има нешто што го попречува напредокот во будниот свет.”

Ваквиот сон може да е директно поврзан со вашиот секојдневен живот. Бидејќи луѓето можат да имаат спознаени сништа, без дури да го планирале, можеби истражувањето на Ерлашер е најверојатната причина за трчање на забавен движење. Иако не го знаете, вашиот сон одвива побавно поради вашата степен на свест.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>