Top
kompiri

Зошто треба да јадете компири?

За малкумина е познато ова, јадењето компири нема автоматски да ве направи подебели. Ако знаете на кој начин да ги консумирате, тие може да ви помогнат во вашите планови за губење на вишокот килограми.

Полни се со витамини и минерали
Компирите (со лушпа), се многу богати со витамин Б6, како и со калиум – и тоа двојно повеќе од една банана. Во нив има многу хранливи влакна и протеини, железо, манган, магнезиум и витамин Ц. Тие се како мултивитамини, освен ако не ги претворите во помфрит, каде што ќе ги испржите овие витамини. Некои нутриционисти дури советуваат и да го јадете целиот компир, затоа што лушпата содржи половина од вкупните хранливи влакна и важни минерали.

Компирите содржат својства што ве релаксираат
Високите нивоа на витамин Б и магнезиум се одличен начин природно да се справите со стресот и анксиозноста.

Скробот не е зло
Компирите се полисахариди, па токму затоа и можат да ви помогнат во намалувањето на килограмите, сè додека не создавате услови коишто ќе го попречат нивното варење.

Не ги пржете компирите
Доколку ги пржите компирите ќе ги изгубите хранливите материи. Наместо тоа испечете ги, додајте им малку масло и зачини и имајте го вашиот прекрасен, хранлив оброк.

Големината на порцијата е клучна, особено ако се соочувате со шеќер во крвта
Доколку имате проблеми со регулирање на нивото на шеќер во крвта, тогаш препорачливо е да консумирате мали или средни компири.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>