Top
Baknezh-iLike-mk

Зошто луѓето се бакнуваат?

Филематолози се нарекуваат луѓето кои се занимаваат со анатомјата и еволутивната историја на бакнежот. Тие не успеале да објаснат од каде потекнува бакнежот, но нудат теории кои покажуваат како нашата биологија влијае на овој чин.

Прашањето кое секој од нас си го поставил пред да му се случи прв пат е дали бакнежот се учи или е инстинктивна акција? Некои велат дека се учи, а тоа датира од нашите најрани предци. Тогаш мајкте ја џвакале храната и ја предавале на уста на своите бебиња. Откако на малото му растеле заби, мајките продолжувале да го допираат по образите со своите усн за да го тешат.

Антрополозите исто така веруваат дека бакнежот се учи, а тоа доаѓа од фактот 90% од луѓето се бакнуваат, а 10% не го прават тоа.

Некои луѓе сметаат дека бакнежот претставува инстинктивна акција, а такво инстинктивно однесување покажуваат и некои животни. Луѓето се бакнуваат бидејќи на тој начин се зближуваат со својот партнер. Кога лицата се наоѓаат блиску едно до друго, феромоните „зборуваат“, односно разменуваат биолошки информации дали тие двајца ќе произведат силна генерација.

За многу луѓе е доволно објаснувањето дека се бакнуваме бидејќи на тој начин се раѓаат пријатни чувства.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *