Тие се супер забавни, искрени пријатели, но во еден момент сте шокирани како немаат чувство кога и како да се и не знаат да бидат тука кога ви е тешко. Тоа се случува можеби поради недостаток на емпатија за другите.
Тие се големи демагози, склони кон ниски удари и провокации, можат да ви кажат нешто најлошо, а потоа одеднаш да ја сменат темата и да се претворат во жртва.
Умеат да манипулираат. Многу се арогантни и радикални. Не се врзуваат за луѓето лесно. Кажуваат отворено што мислат и сакаат без да размислат малку и за последиците.
Своите желби и интереси секогаш им се на прво место, па често се случува луѓето кои се родени во најискрениот знак Стрелец да менуваат друштва и да се зближуваат со нови пријатели, бидејќи старите одамна си заминале и ги оставиле.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!