Top
tableti

Зошто апчињата не треба да се кршат на половина?

Без разлика дали имате редовна терапија или само по потреба пиете таблети против главоболка, никогаш не ги кршете на половина.

Фармацевтите советуваат секогаш да ги пиете таблетите во еден дел, какви што се.

„Обложените таблети се обложени со причина, најчесто за да се спречи растворањето и дејството на лекот во желудникот, како би се заштитила слузокожата од агресивните материи од лекот. На пример, ако филмуваниот аспирин го скршите на половина, заштитното дејство на обвивката се губи.“

Со самото кршење на некои лекови со повеќе обвивки и комплицирано разградување, може да се промени и дејството на лекот, па истиот да има непредвидливи последици. Фармацевтите велат и да не им верувате на втиснатите линии на апчињата, тие не значат дека треба да ги кршите пред да ги испиете. Кршете ги само оние таблети кај кои е нагласено во упатството дека кршењето и гризењето е дозволено.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *