Top
Bogati_mazhi_iLike_mk

Зошто на жените им се попривлечни богатите мажи?

Не, не се во прашање оние така наречени „лесни девојки“, туку само ставот кој го имаат моќните и успешните типови.

Во Шпанија е спроведено едно истражување чии резултати покажуваат дека на жените, богатите и моќните фраери им се апсолутно неодоливи. Девојките,наводно секогаш ќе давале предност на мажите кои се добро ситуирани, поради важните работни обврски и големото влијание во друштвените кругови.

Во истражувањето учествувале 200 жени кои ги оценувале фотографиите на различни мажи и истото покажало дека добри оцени добиле оние чии фотографии покажувале дека станува збор за богати и успешни мажи.

Истражувачите на оваа занимливост објаснуваат дека она што прво ги привлекло жените е самодовербата и сигурниот став со кој зрачат овие личности а не толку многу моќта и парите. Потсвесно, дамите чувствуваат дека таквите мажи ќе им дадат сигурност и успешно ќе се грижат за нив и нивните деца.

Како ви се чини ова истражување и дали се согласувате со ставот?




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *