Top
Zoshto_lazheme_iLike_mk

Зошто кажуваме лаги?

Лагите зборуваат сè. Најновите истражувања покажуваат дека секој од нас знае да излаже од 2-3 пати во текот на денот. Најчесто лажеме за да избегнеме конфликти и непријатни ситуации. Исто така, ја заобиколуваме вистината и поради лична корист, меѓутоа и за да заштитиме некого.
На пример, пријателката Ви го покажува новиот фустан и сака да го слушне Вашето мислење. Иако, фустанот воопшто не Ви се допаѓа, сигурно ќе и кажете дека е убав и дека супер и стои. Ваквите лаги се корисни затоа што позади нив се крие желбата да не ги повредуваме другите.

МАШКИ И ЖЕНСКИ ЛАГИ
Моментите кога мажите најмногу лажат скоро секогаш се пред остварување на една љубовна врска, меѓутоа тогаш е прифатливо и се сфаќа како облик на додворување. Омилен момент за лажење е раскинувањето. Тогаш мажите можат да ги изговорат и најапсурдните работи само да не ја кажат вистината. Мажите исто така често лажат за количината на алкохол која ја испиле за време на последното излегување со пријателите.
Сепак, жените подобро лажат од мажите затоа што имаат повеќе изрази на лицето. Тие најчесто лажат за тоа колку потрошиле додека пазарувале за дома или на последниот шопинг на облека и козметика.

КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ЛАГА?
Со внимателно следење на соговорникот можете да забележите дали ја зборува вистината или не. Обратете внимание на следново: црвенило на лицето, зголемено потење, авторитативен тон, немирен поглед или чешкање на носот. Ова се проверени знаци дека личноста не ја зборува вистината.

Лагите можат да бидат корисни во некои ситуации. Меѓутоа, треба да бидете внимателни затоа што со крупните лаги можете да ги повредите личностите кои ги сакате!




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *