Top
Zodijacki_dvojki_ko_tempirana_bomba_iLike_mk

Зодијачки комбинации чија врска е како темпирана бомба

Секој знак во хороскопот е опишан од страна на астролозите со свои карактеристики кои го прават препознатлив, па на истиот тој начин се замислени и најневозможните комбинации за врска.

Темпераментните и енергичните контра мирните и пасивните, оние што тежнеат кон семејството наспроти оние кои не се откажуваат од слободата по ниедна цена. Вистина е дека спротивностите се привлекуваат, како и дека љубовта може да победи секаде и секогаш, но добро е да се знае кои се критичните точки на кои упатуваат астролозите.

Акција наспроти пасивност: Овен и Вага

Овенот секогаш ќе ја води играта со нерешителната Вага. Нему понекогаш му годи да се смири со нејзината рамнотежа и да учи за дипломатските односи и правила, но е во фаза на акција, а Вагата тежи кон мир и блага пасивност, тогаш се бара компромис.

Совет: Овенот сака предизвик, најлесен начин да му продадете финта е да му понудите да проба нешто ново, додека Вагата е приспособлива и помирлива, што го прави овој случај можен да опстане.

Посесивност наспроти љубомора: Бик и Скорпија

Ова е мошне еротична комбинација затоа што и двајцата сакаат да уживаат во животот и љубовта. Одлично се сложуваат во сексот, што произлегува од нивната сензуалност која стимулира физички контакт. Проблемот може да се јави кога и двајцата ќе ја покажат отворено својата посесивност и љубомора.

Совет: Различниот темперамент би можел да биде платформа за натамошно егзистирање во заедница. Свесни се дека имаат во рака партнер кој тешко ќе можат да го преболат и ако се потрудат да најдат решение, врската може да опстои.

Приземност наспроти амбиции: Близнаци и Стрелец

Речиси е извесно дека оваа комбинација ќе се сретне во многу друштва. Двајцата се отворени и подготвени за дружба, Близнакот ќе зборува постојано, а Стрелецот филозофски ќе размислува. Иако тоа наликува на спор во кој што се дели квантитетот наспроти квалитетот, всушност конфликтот избива откако Близнакот ќе остане приземен, додека Стрелецот сака да лета високо.

Совет: Натерајте ги да отпатуваат заедно, тоа ќе ги доведе во ред барем во еден период, можеби додека не почнале да се караат каде сакаат да патуваат следниот пат.

Емотивност контра кариера: Рак и Јарец

Двајцата се амбициозни, но Ракот природно е популарен, додека Јарецот не дава „пет банки“ за тоа. Овој пар тежнее кон семејство и дом, па додека Јарецот работи и заработува, Ракот ја создава емотивната страна. Кога Јарецот ќе биде успешен и ќе се сврти исклучиво кон својата кариера, Ракот ќе биде разочаран доколку не го добие потребното внимание.

Совет: Оваа двојка мора да го научи златното правило на заедничкиот живот дека „ние“ има предност во однос на „јас“. Искреното радување за успехот на другиот нека прерасне во заедничка победа.

Принципи наспроти слобода: Лав и Водолија

Оваа двојка е во прв ред кога се во прашање сите видови на забава. Тие привлекуваат внимание и идеални се за дружба се до моментот кога заедничките планови ќе станат сериозни. Така на пример, Лавот сака деца, а Водолијата сака да ја зачува слободата. Лавот не би бил она што е ако не се обиде да го наметне своето мислење и своите принципи. Водолијата има капацитет да го игнорира одредено време, а потоа за дел од секундата да „одлета“ назад во слободата.

Совет: Оние што сакаат да ја сочуваат оваа врска, мора да ја научат границата: кога е премногу притисок и кога е премногу слобода. Лавот блеска кога има публика, а Водолијата секогаш има оригинални идеи и можат добро да се надополнуваат.

Планови наспроти интуиција: Девица и Риби

Две лица од овие знаци може да ги соедини само интелектуалната компатибилност, бидејќи речиси е невозможно да се замисли дека со постојано надмудрување и ситни кавги можат да создадат врска. Се случува да имаат нерасчистени и нејасни цели заради тоа што двете страни немаат доволно храброст. Девицата сака сè што е уредно, Рибите бегаат од рутината „како ѓавол од крст“.

Совет: Токму интелектуалните капацитети можат да им помогнат да си ја почитуваат различноста. Девицата сака да има прецизен план за се, но дали има нешто попрецизно од тоа дека плановите никогаш не се реализираат со 100% успех? Токму прифаќањето на таа маргина, остава простор Рибите да можат да согледаат дека се добредојдени и сакани такви какви што се.

Извор: ДИВА.мк




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>