Top
inteligencija

Знаци кои покажуваат дека сте интелигентни

Се верува дека луѓето кои имаат висок коефициент на интелигенција се луѓе кои можат да се носат одлично со секоја ситуација. Ако се пронаоѓате во некои од следниве реченици, нема сомнеж дека припаѓате на таа група.

Не сакате евтини приказни
За вас е вистински предизвик кога сте приморани да учествувате во празни разговори за обичните, секојдневни работи. Тие едноставно прават да се чувствувате дека се вртите во круг со социјално прифатливи фрази кои ве гушат. Сѐ што би сакале е да разговарате со некој сличен на вас, на теми кои се за вас важни и да разменувате идеи.

Повеќе размислувате отколку што зборувате
Вашиот мозок ги бара сите можни одговори или решенија за проблемите и потребно ви е повеќе време отколку на просечно интелигентните луѓе за да го изнесете своето мислење или да донесете заклучок. Кога не сте сигурни во своето мислење, ќе изберете да премолчите. Вашиот проблем лежи во тоа што луѓето околу вас не го разбираат начинот на кој функционира вашиот мозок и затоа ве доживуваат како интровертна личност која е незаинтересирана, ладна и слично.

Многу бргу ви здосадува секое работно место
Вашиот мозок има потреба за постојани предизвици, за нови, подобри идеи и проекти. Кога еднаш ќе научите да работите одредена работа и ќе видите дека нема што ново да научите на тоа работно место, работата веднаш ви станува здодевна, па дури и неподнослива.

Се случува и да се блокирате
Тешко е да се поминува многу време во размислување кога живееме во свет кој е ориентиран кон зграпчување и трчање кон целта. Додека сте полни со идеи, понекогаш ви недостасува импулс за акција. За жал, луѓето тоа честопати го мешаат со мрзоволност, што прави да се чувствувате потценето.

Тешко се вљубувате
Вие не сте од оние кои можат да пронајдат љубов на секој чекор. Вашите очекувања во љубовта се многу поголеми од оние кои ги имаат обичните луѓе. Вие сте многу внимателни, аналитички настроени и независни, па поради овие особини можеби изгледа дека сте ладни. Згора на тоа, луѓето со висок коефициент на интелигенцја не се многу спонтани, што може да предизвика кај луѓето да го изгубат интересот кон вас.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>