Top
Zenski-Plan-B-iLike-mk

Жените имаат „План Б“ за сè, па дури и за сопруг

Најновото истражување на „Дејли Мејл“ покажа дека поголеми број од жените имаат „План Б“ за сопруг, во случај да не го добијат оној на кој се надеваат.

Дури половина од илјада испитанички признале дека не се оптоваруваат со барање на совршениот маж, бидејќи знаат дека можат да се задоволат и со некој друг доколку се појави потреба за тоа.

Всушност, кој се крие зад сигурниот женски „План Б“?

Најчесто тоа се поранешни момчиња, добри пријатели или колеги од работа. Генерално, мажи со кои жената имала можност да помине поприлично многу време.

Некои од испитаничките велат дека со тие мажи намерно одржуваат убави односи, за подоцна сосема лесно да се префрлат на нив, ако има потреба од тоа.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *