Top

Зошто жените живеат подолго од мажите?

Група корејски експерти дошле до клучниот фактор поради кој жените во просек живеат подолго од мажите. Тие откриле дека кастрираните мажи низ историјата живееле значително подолго од тие кои не биле кастрирани.



До ова сознание дошле со проучување на податоците за животот на благородниците во текот на 5 века на корејската династија Џосеон, од крајот на 14 до почетокот на 20 век. Во тој период повеќето мажи од кралските семејства умирале во доцните 40 или раните 50 години, додека пак, евнусите со благородничко потекло кои биле кастрирани во просек живееле 70 години.

Кјунг Џин Минс од Универзитетот Инха ја водел оваа студија и смета дека причината за подолгиот живот на евнусите се состои во тоа што им е отстранет изворот на машкиот хормон тестостерон, за кој се знае дека го зголемува ризикот од коронарни болести и ја намалува имунолошката функција на мажите.

Освен тоа, според една од водечките теории за стареењето, телото има ограничена енергија која се користи за одржување на репродуктивните фунцкии. Доколку одредена функција која не е од витално значење не постои, оваа енергија се пренасочува кон другите фунции.

Современите мажи кои би сакале да го продолжат својот животен век би можеле да земаат терапија за редукција на тестостеронот.” – вели Кјунг Џин. Но, тој не е сосема сигурен во делотворноста на овие интервенции поради тоа што не се знае дали нивниот ефект во постари години би бил ист како кај некогашните евнуси, кои се кастрирале уште во детските години.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>