Top
Free happy woman on beach enjoying nature. Natural beauty girl o

Жените родени во овие хороскопски знаци носат среќа

Ако вашата сакана е родена во некој од овие три хороскопски знаци, вие сте навистина среќни.

Лав
Жена родена во овој хороскопски знак ќе го претвори вашиот живот во најубава љубовна приказна која ќе ја стопли душата и ќе ви отвори нови погледи на животот. Таа е скапоценост која со гордост ќе ја покажувате, но и љубоморно ќе ја чувате од другите бидејќи нејзината величественост е бескрајна. Жената лавица ќе ја обожавате, ќе се потпирате на неа бидејќи таа е жена која никогаш не заборава на емоциите и потребите на својот избраник. Таа ќе биде вашиот животен сопатник, пријател, соборец во љубовта и проблемите, личност без која нема да можете да си го замислите денот. Никој нема поискрено да ве сака од неа, бидејќи нејзиното срце е искрено, несебично и смело, а нејзиниот лик, тело, поглед и глас ќе бидат вашата душевна храна.

Стрелец
Во животот на секој човек постојат настани кои се паметат цел живот, а денот кога прв пат ќе ја бакнете оваа жена со леден поглед, тоа ќе биде едно од вашите најдраги сеќавања. Aко сте имале среќа жена во знакот Стрелец да ве избере и да ве засака, сте на половина пат до рајот. Таа ќе ви донесе возбуда и позитивна енергија, што ќе ви требаат три животи за да го потрошите сето тоа. Ќе го исполни вашиот живот со среќа, љубов и сила, а нејзиниот ум и бескрајна креативност ќе ви донесат целосно нова свежина во заедничкиот живот и работата. Совршен спој на љубовница и пријател, таа прекрасно и предано ќе биде одличен пример за децата кои ќе ја сакаат како самиот Бог.

Рак
Ракот е единствено и неповторливо добро битие, лојална и приврзана жена, жена за пример. Таа во вашиот живот целосно ќе ги промени законите на физиката и ќе го преврти вашиот живот наопаку. Таа е во состојба од било која куќа да направи дом и ќе ви пружи искрена топлина во секој аспект од животот. Во креветот е истовремено нежна, силна, сензуална, нескротлива и непредвидлива. Нејзините бакнежи не може да ги купи целото злато на светот. Нејзината искрена душа бара личност која знае да сака и која ќе знае да ги разбере нејзините тивки воздишки. Совршена сопруга, грижлива и добра мајка, таа плени со својот вроден шарм кој го носи како вистинска дама, природно и спонтано. Таа е вредна и сестрана личност, за себе посакува маж кој ќе биде силен и одлучен, но и грижлив и одговорен.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *