Мрачна, таинствена и магнетски привлечна е најсоодветен опис за жената Скорпија. Таа добро знае дека мажите сакаат да веруваат дека тие заведуваат и освојуваат, затоа многу паметно ја игра својата улога. Не дозволува да биде измамена, зашто правилата на игрите ги одредува самата.
Нејзино најсилно оружје е неодоливиот поглед кој немилосрдно го крши и најтврдиот оклоп. Мажот кој ќе ѝ се приближи и ќе се обиде да ја заведе со лаги, брзо ќе се откаже, затоа што ќе се растопи од тие неодоливи очи. Наместо со зборови, таа ги крши машките срца со својата нескротлива енергија. Оваа жена никогаш нема да му се „закачи“ околу врат на својот избраник, па тој да може да ја прикаже како трофеј пред двоите пријатели. Секогаш ќе биде воздржана и јасно ќе му даде до знаење дека треба да се чувствува среќнен бидејќи го избрала таа.
Ако ја повредите, подгответе се да ја запознаете нејзината мрачна страна. Таа е злопамтило, никогаш не заборава и тешко простува. Дури и кога другите ќе ја убедуваат да заборави, таа и понатаму ги памети оние кои ја повредиле. Кога сака, сака со целото свое битие и истото го очекува од својот партнер. Ако сте во врска со жена Скорпија, запаметете дека за вас смее да постои само таа, и тоа подеднакво физички и психички. За неа не се модерни врски каде што секој партнер го задржува својот дел на слобода. Таа сака врска со маж кој ќе биде само нејзин, додека смртта не ги раздели.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!