Top
zena-lav

Жената Лав никој не може да ја сопре

Жените родени во овој знак секогаш знаат да го привлечат вниманието на спротивниот пол, за што другите жени често им завидуваат. Тие се облекуваат со стил и се познати по својот одличен вкус. Нивниот плакар е полн со облека, која е елегантна и многу внимателно одбрана. Жената Лав може да се опише како драматична, привлечна, страствена, тврдоглава, упорна полна со живот, родена да биде лидер.

Исто како и кралот на животните таа прво го набљудува пленот, го планира нападот и потоа напаѓа. Нема шанси да ја спречите или да ѝ го смените мислењето во врска со нејзините желби. Штом ќе намисли нешто, подобро тргнете ѝ се од патот.

Оваа жена има огромна лојалност во себе за луѓето кои ги цени. Тие не се многу на број и често Лавицата знае да згреши, но таа ќе биде лојална за сите оние кои ги цени. Секогаш можете да се потпрете на неа и да и верувате, но не ги тестирајте нејзините граници.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *