Top
kafe

За што може да се користи кафето?

Еден од најубавите топли пијалаци со неодолив мирис, освен за пиење може да го користите и за други намени. Кафето може да ви помогне во слабеење, за нега на кожа и друго.

  • Шолјата кафе е составен дел на утринските ритуали кои нè будат и нè подготвуваат за денот кој ни претстои.

  • Пиењето кафе го поттикнува варењето на храната, па затоа се наметнува како одлична алатка при диети. Особено е ефикасно ако го пиете без шеќер и млеко.

  • Научниците го потврдиле неговото дејство како превенција од болести на срцето, дијабет и ризик од Алцхајмерова болест.

  • Свежо меленото кафе може да се употреби како пилинг на телото. Особено е ефикасно во пределот на лицето, вратот и стапалата.

  • Ако го измешате кафето со маслиново масло или масло за тело ќе добиете одлично природно средство кое ќе ги измазни деловите од кожата со изглед на кора од портокал.

  • Сварете кафе, ставете го во калапи за лед и оставете го да замрзне. Овие коцки може да ги користите за кружни движења на лицето, кога сакате да постигнете свеж изглед на кожата.

  • Направете ефтина маска против брчки. Помешајте пола шолја изладено варено кафе, малку брашно и една жолчка. Два-три пати неделно може да нанесувате од оваа маска.

  • Отстранете ги лошите миризби во ладилникот со помош на кафе. Ставете неколку зрна кафе кои за ден или два ќе ги впијат сите лоши миризби.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *