Top
bebeska-pudra

За што може да ја користите бебешката пудра

Бебешката пудра има неколку алтернативни употреби и сигурни сме дека некои од овие примени не сте ги знаеле до сега, а ќе ви користат многу.

Со бебешка пудра до погусти волуменозни трепки
Нанесете мнимален слој на бебешка пудра на трепките откако ќе го нанесете првиот слој на маскара, па потоа откако ќе ја ставите пудрата нанесете го и вториот слој маскара. Освен тоа што ќе добиете густи и волуменозни трепки, пудрата ќе го спречи размачкувањето на маскарата.

Бебешка пудра за суво миење на косата
За овој трик, сигурно веќе знаете. На врвовите на прстите нанесете малку бебешка пудра, втријте ја во коренот и потоа исчешлајте ја косата од коренот до врвовите. Пудрата ќе го впие вишокот маснотии и ќе го зголеми нејзиниот волумен.

Го отстранува вишокот сјај од кожата
Бебешката пудра има подобар ефект отколку камената пудра за лице со мат финиш. Но внимавајте, не смеете да користите преголема количина.

Прави карминот да ви трае подолго
Доколку ви претстои долга ноќ, во текот на шминкањето после првиот слој на кармин ставете хартиено марамче на усните и нанесете тенок слој на бебешка пудра со четката, потоа повторно нанесете кармин и веќе сте спремни.

Помага полесно да отстраните песок од кожата
Еден необичен трик со бебешката пудра е тоа што таа спречува кога сте на плажа да не се лепи песок на вашето тело.

Го отстранува непријатниот мирис од обувките
Доколку ставите бебешка пудра во обувките, таа брзо ќе ги апсорбира непријатните мириси.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *