Со доаѓањето на новиот, и од тој момент најважен член во семејството, сè се менува. Без оглед на тоа колку сте подготвени за новата улога, првите неколку недели бебето зависи од вас, па животот ви станува многу поинтензивен отколку што можете да замислите. За да можете полесно да се подготвите и успешно да ја „играте“ оваа нова улога, прочитајте ги следниве 10 заповеди.
СПИЈТЕ СЕКОГАШ КОГА МОЖЕТЕ
Веројатно уште од породувањето не сте спиеле цела ноќ, а има и денови во кои поради замор може да паднете во делириум или депресија. Затоа преспивајте си секогаш кога бебето спие. Бебињата почесто бараат храна во текот на ноќта, бидејќи нивото на хормони кои го стимулираат вашето тело да произведува млеко расте кога вие сте релаксирани. Ако спиете во иста соба, тие можат буквално да го намирисаат млекото. Но, ако и после неколку недели бебето е немирно во текот на ноќта, воведете една рутина пред спиење. Секоја вечер избањајте го, дајте му да јаде и легнете го да спие, со што ќе му дадете до знаење дека е време за спиење.
НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ СО ХИГИЕНАТА
Можеби сте навикнати постојано да ви е чисто и средено дома, но тоа потполно се менува кога ќе добиете дете. Единственото нешто на кое треба да обрнете внимание е опремата за хранење на бебето. Млекото за доенчиња содржи шеќери кои привлекуваат бактерии. Затоа, шишенцето и цуцлата секогаш треба да се добро измиени и стерилизирани.
ВНИМАВАЈТЕ НА ГЛАВЧЕТО НА БЕБЕТО
Главчето на новороденчето е меко, бидејќи неговите коски сеуште не се зацврстени. Ако бебето постојано лежи во иста позиција, главчето ќе му се искриви поради постојаниот притисок. Оваа состојба се нарекува позициона плагиоцефалија (или асимтерија на главата на бебето). Затоа, кога е будно бебето, оставете го да лежи на стомачето или легнете
и ставете го да лежи на вашиот стомак. На тој начин ќе се избегне притисокот на главата, барем за некое време.
ХРАНЕЊЕТО ОДИ МАЛКУ ПОТЕШКО
Многу мајки се вознемируваат и кога ќе слушнат „м“ од млеко. Оние кои ги дојат бебињата со вештачко млеко се загрижени да не ги осудуваат другите дека не дале сè од себе, а оние кои дојат се вознемирени бидејќи не е толку лесно како што мислеле. Бидете реални – доењето не е нешто што може да се научи од книга.
МАЗЕТЕ СЕ И ДРЖЕТЕ ГО БЕБЕТО ВО РАЦЕ
Додека бебето е многу мало, на мајките застрашувачки им делува неговото држење во раце. Детето се чувствува посигурно кога е во вашите раце. Земете го во раце малото, мазете се, нишкајте го или едноставно зборувајте му. И тоа, иако е мало, ја чувствува вашата љубов и топлина.
ПОБАРАЈТЕ ПАУЗА
Мајката е задолжена за главната грижа за бебето, но и неа ѝ се потребни нежност и љубов. Времето што го имате за себе е многу важно и ќе ви помогне да се справите со емоциите и да се релаксирате. Замолете некој од блиските пријатели или роднини да причуваат вашето бебе на кратко и излезете некаде.
ПОНЕКОГАШ Е ПОТРЕБНО ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ
Можеби менувањето пелени го научивте многу брзо, но некои други лекции за грижа за бебето бараат повеќе обиди и време. Обично тоа се случува со бањањето. Но, не грижете се и верувајте во себе. Со време, ќе си научите сè!
ПРАВЕТЕ РАЗЛИКА ВО ПЛАЧОТ
Ако бебето плаче и покрај тоа што е изморено, сигурно му се јаде. Ако ги трие очињата, се проѕева и плаче, наранете го и легнете го да спие. Ако му е полна пелената, но и ако му е ладно или топло, или едноставно му е потребно внимание, бебето ќе плаче. Многу бебиња во првите некоку месеци страдаат од грчеви и тогаш неконтролирано плачат.
ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ЗА ЗБЛИЖУВАЊЕ
Не можете веднаш да се поврзете со своето дете, па затоа дајте си време! Милувањето може да помогне бидејќи го зголемува нивото на хормонот окситоцин кој помага во таа цел. Но, ако не чувствувате никаква поврзаност, лошо сте расположени или плачете, веројатно се наоѓате во постпородилна депресија.
ВЕРУВАЈТЕ – СЕ ЌЕ ПОМИНЕ!
Можеби минатата недела спиевте вкупно 6 часа, се чувствувате преморено и непривлечно. Но, не заборавајте дека оваа ситуација нема да трае вечно! Околу 6 недели подоцна, ќе успеете да „фатите ритам“ и полека ќе почнете да забележувате што сака и што не сака вашето дете. Со тек на време заморот ќе се намали и ќе помине, бидејќи на телото му треба одредено време да се опорави од породувањето.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!