Top
Vreme

Времето во кое сте родени ги открива вашите постапки и расположение

Вашите постапки, ставови и расположение се под влијание на времето кога сте родени, па според тоа, не е сеедно дали сте родени наутро, на пладне или доцна навечер.

Дневниот круг од 24 часа е поделен на 6 нумерички дела:

1 дел – помеѓу полноќ и 4 часот наутро

2 дел – помеѓу 4 и 8 часот наутро

3 дел – помеѓу 8 и 12 часот на пладне

4 дел – помеѓу 12 и 16 часот попладне

5 дел – помеѓу 16 и 20 часот навечер

6 дел – помеѓу 20 часот до полноќ

1 дел – помеѓу полноќ и 4 часот наутро
Ако сте родени помеѓу полноќ и 4 часот наутро, имате тивка и смирена природа, сакате да фантазирате и имате бујна фантазија. Вие многу тешко се снаоѓате во реалниот свет. Роден уметник сте, па затоа луѓето многу често не ве разбираат. Имате племенита и топла душа.

2 дел – помеѓу 4 и 8 часот наутро
Одлики на родените помеѓу 4 и 8 часот, се познати по итрината и хармонијата. Упорни сте и истрајни во сите работи, посебно во оние, практичните. Најчесто сакате на другите да им бидете пример, па затоа постојано се докажувате и покажувате.

3 дел – помеѓу 8 и 12 часот на пладне
Вие секогаш имате голема верба, надеж и оптимизам. Весели сте, постојано со некој позитивен немир во вас, зрачите со несебична љубов и магнетска топлина. Чувствителни сте, наклонети кон уметноста и филозофијата и имате многу позитивни страни и таленти.

4 дел – помеѓу 12 и 16 часот попладне
Вие сте ведри и полни со енергија. Добри соговорници сте, математичари и физичари. Потребно е само да ја насочите енергијата во вистински правец. Поседувате многу таленти и способни сте да ги реализирате, па токму затоа сте успешни на сите полиња.

5 дел – помеѓу 16 и 20 часот навечер
Ако сте родени во 5-тиот дел, тогаш имате немирен, изгубен дух и по малку сте нервози. Вашите движења се динамични, брзо мислите и делувате, но и многу често ги менувате одлуките и ставовите. Секогаш правите повеќе работи истовремено. Оние кои не ве познаат мислат дека сте непромислено брзи, но многу добро знаете што правите.

6 дел – помеѓу 20 часот до полноќ
Умерени и упорни на сите полиња, сакате да доминирате над работите и ситуациите во животот. Рационални сте, магнетски привлечни и важите за голем авторитет. Во одредени случаи делувате и надмено, но само заради тоа што имате голема самодоверба и креативна енергија.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>