Lab-au е името на белгиската дизајнерска група, која од една висококатница во Брисел направи гигантски дисплеј за временска прогноза. Со тоа, поранешната Dexia Tower од обично архитектонско здание, станува функционална алатка за жителите на Брисел.
Целата фасада, која е составена од 6000 прозорци, е покриена со 72.000 ЛЕД диоди, контролиран од систем кој ја менува нивната боја и шара со цел да ја даде временската прогноза за утрешниот ден. Ова е концепт кој натаму се очекува се пошироко да биде применуван.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!