Top
memorija

Вежби за подобра меморија

Заборавањето на ситници не значи дека го губите умот, но сепак е добро да ја вежбате својата меморија.

Шкртајте
Ако сте на долг состанок или предавање, без раслика колку и да е важно и колку сте биле сконцентрирани, вашата меморија ќе се исклучи во одреден момент. Како и да е, шкртањето на хартија додека слушате може да ги спречи вашите мисли да не одлетаат.

Читајте
Читањето е супер вежба бидејќи на природен начин ја вежбате вашата меморија и се сеќавате на информации од претходните страници и поглавја.

Гответе „напамет“
Прочитајте го рецептот и затворете ја книгата и обидете се да ги запомните точните чекори и да го зготвите оброкот. Ова е многу ефикасен начин за вежбање на работната меморија.

Уживајте во мирисот на рузмарин
Истражувањата покажуваат дека мирисот на ова растение значително ја подобрува меморијата затоа што буди ацетилхолин во мозокот, што игра клучна улога во одржувањето на вниманието.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *