Top
Trepki-iLike-mk

Вештачките трепки се штетни за очите

Група американски научници само го потврдиле она што веќе сите го знаеме – вештачките трепки им штетат на очите. До ова откритие дошле истражувачите од Технолошкиот институт во Џорџија кои велат дека долгите вештачки трепки оформуваат нешто околу површината на очите што ги суши. Тие спровеле експеримент со вештачко око, кон кое биле упатени воздушни струи, а дел од нив содржеле и прашина. Биле монтирани трепки со различни должини, за да се утврди како го штитат окото од надворешни влијанија. Се покажува дека долгите трепки придонесуваат во собирање на туѓи материи во пределот на окото и го сушат. Освен долгите, и премногу кратки трепки исто така негативно влијаат врз окото бидејќи немаат моќ да го заштита од надворешни струи. Според научниците, идеална должина на трепките е една третина од должината на окото.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *