Top

Македонија на две тркала!!

Велосипедите имаат прилично долга историја во која тие значително евауирале. Првично бил конструиран во 19 век во Европа од страна на Микеланџело, и истиот бил многу сличен на денешниот, но морал да се турка како тротинет. Денес има над милијарда велосипеди низ целиот свет, а во некои делови од светот претставуваат и основно превозно средство како во Кина и Холандија. Популарни се и како средство за рекреација, детските игри, фитнес, некои активности на војската и полицијата, поштенските услуги и како спорт.



Покрај сите направени истражувања во врска со возењето на велосипед и начинот на кое тоа возење влијае врз целокупниот човечки систем се одвојуваат 4 работи врз кои најефикасно влијае возењето:
– Го зголемува потрошувањето на енергијата,
– Го согорува вишокот на маснотии,
– Го одржува тонусот на телото, бедрата, задникот и стомакот,
– Го намалува нивото на стрес и напнатост.

Едноставно само десет минути возење велосипед дневно ги зацврстува мускулите и ја подобрува циркулацијата на крвта, а 20 минути го подобруваат и целокупниот имунолошки систем. Луѓето кои одат на работа со велосипед го подобруваат своето здравје два пати дневно, при одење и враќање, а долгите дестинации не треба да бидат пречка бидејќи во густиот сообраќај велосипедистите често побрзо стигнуваат до својата крајна цел, како од моторциклистите така и од возилата кои најчесто испуштаа мношто штетни гасови.
Половина час возење велосипед ја подобрува работата на срцето, а 40 минути или повеќе ја подобрува вашата кондиција. Подобар метаболизам и согорување на мастите ќе постигнете со возење велосипед 50 минути. Срцето на велосипедистите брзо се навикнува на вежбите и затоа тие потешко остануваат без здив.

Поради овие факти, уште утре направете промена во вашиот живот, фатете се за велосипедот и уживајте во поинаква Македонија. Македонија каква никогаш досега не сте ја виделе. Македонија на две тркала.

Автор: Марко Пешиќ

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>