Top
kafe

Уште една добра причина за да пиете кафе

Несомнено е дека консумирањето кафе ја намалува опасноста од дијабетес. Но, освен тоа, научниците неодамна откриваат дека пиењето црно кафе го штити видот.

Имено, хлорогеничната киселина, моќен антиоксиданс кој го има во кафето, ги чува очите на тој начин што спречува ретинална дегенерација која се јавува како резултат на стареење.

Научниците истакнуваат дека едно кафе дневнo е доволно за да се избегнат очните болести кои се манифестираат со текот на годините.

Во текот на експериментот, на глувци им бил инјектиран азот моноксид, кој би требало кај нив да предизвика слепило. Но, кај глодарите третирани со хлорогенична киселина, не е забележано никакво оштетување на мрежницата.

Ретината, внатрешната мембрана на окото, која прима и ги визуелизира информациите бара високо ниво на кислород. Во спротивно станува чувствителна на оксидативен стрес и производството на слободни радикали, што доведува до оштетување на окото, па дури и до губење на видот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>