Top
uspesna zena

Успешната кариера ја поттикнува желбата за секс

Ако се занимавате со интересна, стимулативна и креативна работа, која не ве заморува премногу туку ви ја поттикнува самодовербата, тогаш имате голема среќа. Успешната кариера и задоволството од работата ја стимулираат сексуалната желба!

Сите фактори што ја поттикнуваат самодовербата, а меѓу нив се и соодветната работа и успешната кариера, го поттикнуваат нашиот сексуален живот. Наспроти мислењето дека современата жена после дневните обврски нема време „ни да здивне“, психолошките истражувања покажуваат дека жената што си ја сака работата е задоволна од себе, среќна и подготвена на страствен секс по напорниот ден.

Адреналинот го поттикнува сексапилот, а тоа го покажуваат и резултатите од анкетата што е неодамна спроведена во земјите на ЕУ и која потврди дека жените што имаат „тежок ден“ (деловни и други обврски) чувствуваат повеќе страст од своите колешки што поминуваат „мирен ден“.

Жените што ја сакаат својата работа имаат помалку сексуални проблеми и поголема желба за страствена активност во споредба со жените што седат дома или својата работа ја работат без задоволство, односно се занимаваат со професија која не им дава предизвик.

Успешната кариера е добра за менталното здравје на жената бидејќи ѝ дава дополнителна самодоверба, а и времето што го поминува на работа поттикнува позитивни асоцијации на домот. Спротивно на жените од кариера, домаќинките почесто имаат проблеми со несигурноста и со самодовербата.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *