Top

Усните го откриваат карактерот на жената

Неодамна англиската козметичка куќа Rimmel спроведе едно интересно истражување. Резултатите покажаа дека формата на усните зборува за карактерот на жената.

ПОЛНИ И ШИРОКИ УСНИ
Жени полни со страст. Кога некој или нешто им се допаѓа, едноставно мораат да го имаат. Најважна им е независноста и слободата. Од партнерот очекуваат подготвеност и решителност.

ПОЛНИ, НО МАЛИ УСНИ
Жени кои се раководат според своето срце. Сакаат драматичност и слаткоречиви се. Од своето момче или сопруг очекуваат романтични и префинети изненадувања.

ПОГОЛЕМА ГОРНА УСНА
Доминантни дами. Нивното мото е: “Сè или ништо!”. Овие жени го имаат последниот збор и тешко прифаќаат компромиси. До себе преферираат да имаат партнер кој секогаш е подготвен за предизик.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *