Top
lakiranje-nokti

Трикови за тогаш кога мислите дека нема спас

Постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат тогаш кога мислите дека нема спас.

• Ако ви се скинат хулахопките додека ги облекувате, веднаш земете лак за коса и испрскајте го местото околу дупчето или со безбоен лак намачкајте го.

• Направете ја гардеробата миризлива. Мало парченце од миризлив сапун ставете на секоја полица од плкакарот. Или вреќички со рузмарин закачете на закачалките. Кога и да облечете некое парче облека тоа ќе ви мириса подолготрајно и појако од оној мирис од омекшивачот.

• Обновете го лакот за нокти. Ако мора да излезете набрзина а лакот за нокти ви се подизлупил ставете нов слој на лак одозгора, но само до следното пристигнување дома. Потоа извадете го темелно и одново прелакирајте се.

• Доколку кошулата ви е изгужвана, а со вас на пат не носите пегла тогаш послужете се со пресата за коса.

• Измијте ги и исчеткајте ги забите со сода бикарбона кога ќе приметите дека ви потемнуваат.

• За да трае шминката подолго и да изгледа фиксирано на вашето лице попрскајте се од далеку со лак за коса.

• Кога немате време за на педикир со кора од лимон истријте ги дома петиците.

• Заборавете на миризбата во чевлите. Во мали вреќички ставете сода бикабона и оставете ги вреќичките да преноќат во чевлите.

• На закачалка која ќе ја изнесете на балконот луфтирајте ги после секое носење јакните, капутите и бундите.

• Ако не носите течна пудра со вас, а шминката бара да ја обновите тоа направете го со коректорот или со камената пудра.

• Ако килограмите се зголемат нагло практикувајте маички и кошули со длабок V-отвор.

• Ако сакате стомакот да ви делува послабо за некоја пригода дента пред прославата бидете само на течна храна.

• Користете иста крема за тело како парфемот. Така нема да дојде до непријатно мешање на миризби.

• Џвакајте свежо нане за да се ослободите од миризбата во устата.

• Стопирајте го дебелеењето така што наутро ќе пиете по еден цеден лимон со млака вода.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>