Top
Loshi-karakteristiki-na-horoskopskite-znaci-iLike-mk

Три најлоши особини на секој хороскопски знак

Сигурни сме дека веќе ги знаете позитивните страни на вашиот хороскопски знак, па затоа прочитајте кои се вашите маани. За да не ве издепримираме ви претставуваме три особини поради кои ќе сакате да си ја забодете главата во земја како ној.

ОВЕН
1. Вашето мото треба да биде реченица: „Веднаш, сега, веднаш!“. Секогаш брзате и сте прилично нетрпеливи.
2. Ако не се работи за нивна идеја, тогаш не се заинтересирани.
3. Знаете да бидете мнооогу незрели.

БИК
1. Вие сте посесивни, материјалисти и не знаете како да делите.
2. Вие сте тврдоглави.
3. Знаете да бидете мрзливи и хедонисти.

БЛИЗНАЦИ
1. Толку сте специфични што вашите соговорници никогаш не знаат што да прават со вас.
2. Сакате да го слушате вашиот глас, па затоа секогаш им упаѓате во збор на другите.
3. Вие имате толку многу хобија што на ништо не сте посветени целосно.

РАК
1. Постојано го менувате вашето расположение.
2. Внимателни сте и плашливи.
3. Чувствителни сте и ретко кога може да се знае која ситница би можела да ве погоди.

ЛАВ
1. Толку многу се сакате себеси што едноставно не можете да ѝ одолеете на ниту една површина која има одраз.
2. Доколку сакате нешто, подготвени сте да направите сè што е во ваша моќ за да го добиете.
3. Желбата да бидете во центарот на вниманието може да биде проблематична, бидејќи никој не сака личности кои сметаат дека се центарот на Универзумот.

ДЕВИЦА
1. Ги осудувате сите околу себе и луѓето никогаш не знаат кога ќе потпаднат под вашиот суд.
2. Ситничари сте и често на себе и на другите им префрлате за секакви глупости.
3. Можете да бидете крајни песимисти и да предизвикате негативно расположение околу себе.

ТЕРЕЗИЈА
1. Вие сте навистина неодлучни и договарањето со вас за нешто е вистински пекол.
2. Склони сте да се откажете од вашите принципи само за да можете да направите некого среќен и да го задржите мирот.
3. Вашата фасцинација со убавината ве доведува до посветување премногу време за средување на себеси.

СКОРПИЈА
1. Вие сте одмаздољубиви и подготвени сте некому да му го загорчите животот доколку ве повреди или оштети.
2. Вашите манипулаторски способности можат сериозно да нарушат нечие ментално здравје.
3. Вие никогаш не сте само лошо расположени, туку истовремено сте и во длабока мизерија.

СТРЕЛЕЦ
1. Искрени сте до таа мера што звучите како намерно да сакате да повредите некого.
2. Сакате да се правите дека знаете баш се и не прифаќате туѓо мислење.
3. Ако не правите нешто лудо и возбудливо најверојатно се досадувате, па затоа од досада често правите глупави работи.

ЈАРЕЦ
1. Толку сте опседнати со контролата, што не разбирате што е тоа опуштање.
2. Спремни сте без размислување да ги искористите другите за својот напредок.
3. Уживате да зборувате за негативните работи и се храните со негативната енергија.

ВОДОЛИЈА
1. Сакате да мислите дека сте објективни и рационални, па токму затоа брзате и ги осудувате другите.
2. Постојано мечтаете и живеете во некој свој свет, па затоа луѓето ве доживуваат како ладни.
3. Секогаш нудите совети, но подеднакво често не слушате што соговорникот навистина ви говори.

РИБИ
1. Сакате да се препуштите на животните околности, па често ви бега контролата над сопствениот живот.
2. Често пропуштате да ги забележите потребите на другите.
3. Често сте наивни.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>