Top
tikva

Тиквата го успорува стареењето

Тиквата, како есенски плод треба да се консумира колку е можно повеќе заради нејзините корисни состојки.

Таа го прочистува организамот од токсини и богата е со антиоксиданти. Одличена е за зглобовите, помага при повреди на меките ткива, но и во борбата против стресот. Изобилува со витамин А, кој ги чува очите од дегенеративни промени и катаракта. Високото ниво на витамин Ц кое го содржи во себе, помага во зајакнување на имунитетот и засилување на производството на колаген, правејќи ја кожата блескава и еластична. Богата е со каротин, а тоа го забавува стареењето и спречува кардиоваскуларни заболувања. Семето од тиква има високо ниво на протеини и масни киселини кои помагаат во регулирање на холестеролот, штитат од артритис, ја зајакнуваат функцијата на мозокот, додека маслото од семето е одлично за лекување на воспаление на простатата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>