Top
mother and daughter

Tетката е една од најважните личности во животот на децата

Нормално дека родителите се најважните личности во животот на секое дете, но веднаш после нив е тетката. Секое детенце на својата тетка гледа како на жена од која добива љубов како од родена мајка, со таа разлика што повеќе му дозволува. Како што велат многумина, „Ако мама каже: НЕ! Прашај ја тета.“.

Тетката е една од најблиските личности во семејството, таа е советник, пример, секогаш наоѓа време да ги посети и да си поигра со своите внуци, во одредени ситуации може да ги замени родителите и да ги охрабри внуците. Љубовта кон внуците воопшто не се менува кога таа ќе роди деца. Таа наоѓа место за сите нив во своето срце. Научниците велат дека жените кои немаат деца, улогата на мајка во одредена мера ја остваруваат преку оваа улога и помалку страдаат бидејќи немаат деца.

  • Да се биде тетка е најубавото чувство на светот.
  • „Златото на тета“ е ангел кој носи радост и среќа во животот на тета.
  • Внуците имаат посебно место во срцето на тетката.
  • Тета најдобро ги чува тајните.
  • Тетката е единствена и незаменлива!
  • Никој не гушка толку силно како тетката!



Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *