Top
Telefonski-razgovor-so-majkata-smiruva-iLike-mk

Телефонскиот разговор со мајката смирува

Научници направиле истражување на 61 девојче, на возраст помеѓу 7 и 12 години кои имале трема пред јавен настап. Тие требало да зборуваат пред непозната публика и да решаваат задачи. Еден дел од нив биле прегрнати од својата мајка, други телефонирале на својата мајка, а трети гледале филм.

Научниците го измериле нивото на хормонот на стрес, кортизол и на окситоцин. Кај сите испитанички, нивото на кортизол после настапот било високо. Тоа ниво значително се намалило кај децата кои разговарале со својата мајка. Окситоцинот се зголемил кај оние девојчиња кои оствариле телефонски повик или ја прегрнале својата мајка, додека кај оние кои гледале филм, ова ниво останало непроменето.

После нервозен и стресен ден, јавете ѝ се на вашата мајка. Телефонскиот разговор со мајката го покачува нивото на окситоцин, хормон на љубовта и смирувачкиот глас на мајката делува како прегратка.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>