Top
ribi_horoskopski znak

Тајни на мажите родени во хороскопски знак Риби

Љубовник, забавувач и еден од најострите, но и најкреативни мажи што некогаш ќе ги сретнете. Станува збор за мажот Риби.

Мажот Риби изгледа мек и чувствителен уште во раните години од животот. Како што созрева, сѐ повеќе ја покажува својата мажественост и сила. И покрај сѐ, ќе ја видите мекоста во неговите очи. Понекогаш знае да се однесува како мачо маж, но во суштина е чувствително суштество.

Треба да бидете во можност да го преземете водството во врска со него. Треба да бидете порешителни отколку што е тој, да носите тешки одлуки и да преземете водечка улога во вашите животи.

Нему навистина не му пречи доколку направите повеќе во животот од него. Напротив, тој истовремено ќе се радува на вашиот успех и ќе се фокусира на својот.

Мажот Риби е лојална личност. Секогаш тежнее да ги задржи работата, пријателите и животниот партнер до крајот на животот. Тој е посветен на врската и не помислува да ве изневери. Мажот Риби секогаш ќе биде до вас.

Тој е навистина свесен за вашите чувства и расположенија, особено кога се однесуваат за него.

Тој е повеќе од подготвен да се жртвува за она што е најдобро за врската. Дури и е подготвен да ги „закопа“ неговите желби и потреби со цел да ве задржи и да ве направи среќни.

Мажот Риби секогаш е уникатен. Тој е човек кој знае да љуби, да се грижи за вас и семејството. Тој е подготвен да направи се за вас се додека знае дека неговото срце има каде да оди.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *