Top

Совети кои ќе ви помогнат да се откажете од цигарите

Почнувајќи од 1998-ма година, на 31-ви мај се одбележува Светскиот ден против пушењето. Пушењето цигари предизвикува 25 различни болести од чии последици годишно умираат околу 6 милиони луѓе. Иако за откажување од овој порок пред сè е потребна волја, постојат и трикови кои може да ви помогнат да се откажете од оваа лоша навика со која си наштетувате себеси и на другите.



1. Кога ќе почувствувате потреба да запалите цигара, забележете колку време трае тој процес. Никотинската криза настапува повремено, а најчесто трае 3 минути. Многу полесно ќе ви биде ако знаете дека ќе помине таа желба.

2. Шеќерот помага во намалување на желбата за цигара, па токму затоа бомбоните ќе ви помогнат во откажување од цигарите. Освен нив, чаша ладна вода може да ја намали желбата за цигари.

3. Прошетките и вежбите се совршени сојзници во борбата против пушењето. На тој начин, телото побрзо ќе ја помине никотинската криза која е нормална појава кај откажувањето.

4. Кога ќе почувствувате силна желба за цигара,подгответе си купка со етерични масла од лаванда или јасмин. Тоа ќе ве смири и опушти.

5. Никотинските гуми за џваќање исто така помагаат во надминување на никотинската криза, особено во првите 10 дена.

6. Во моментите кога ќе почувствувате криза, измијте ги забите. Ментата моментално ќе ја намали желбата за цигара.

7. Кафето заменете го со чај, бидејќи танинот дејствува слично како и кофеинот. Со чај сигурно нема да добиете желба за цигара како што би добиле со кафето.

8. За да го подготвите телото за откажување од цигари, пијте мултивитамини и јадете повеќе овошје.

Кои се предностите од непушењето?
После 20 минути: се намалува бројот на срцеви отчукувања и крвниот притисок
После 12 часа: опаѓа нивото на јаглерод моноксид во крвта
После 2-12 недели: се подобрува циркулацијата на крвта и се зајакнува функцијата на белите дробови
После 1 година: ризикот од коронарна артериска болест е помал за 50%
После 5 години: се намалува ризикот од мозочен удар
После 10 години: ризикот од рак на белите дробови се намалува за 50%, а се намалува и ризикот од рак на грлото, желудникот, грлото на матката, панкреасот од коронарна артериска болест е ист како и кај луѓето кои никогаш не пушеле

iLiKE.MK ПРИМА НОВИ АВТОРИ! ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ТУКА.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *