Top

Штрумфови

Сигурно со голема насмевка на лицето се сеќавате на Гаргамел, Азриел и малечките сини ликови со бели капчиња Велештрумф, Штрумфета, Лутко, Мајсторче, Текнувало, Мрзливко и другите негативци – жители од Штрумфоград.
Еве неколку интересни информации за малите сини палавковци:
Штрумфови” (или на француски: Les Schtroumpfs) е комичен анимиран филм во кој главната улога ја имаат малите сини ситни суштества за кој е измислен и самиот термин Штрумф (или широкоприфатениот англиски термин Smurfs).



Татко на штрумфувите е белгискиот карикатурист Пјер Кулифорд (или уште познат како Пејо) и за прв пат ги промовирал на 23 октомври 1958 година. Да, да. Штрумфовите се “стари” 52 години и повеќе од половина век ги забавуваат децата, па и возрасните ширум светот : )

Во 2008-та година, по повод 50-тиот роденден на Штрумфовите и 80-тиот на нивниот создавач Пјер беше издадена комеморативна монета со нивните ликови и организирана изложба во Музејот за стрипови во Белгија.

Нивниот град Штрумфоград се наоѓа меѓу планини и реки, опкружен со дрвја и грмушки со чудни плодови. Штрумфовите живеат во куќички со форма на печурки.
Најстариот од нив, Велештрумф има 102 години (иако како серија постојат 52 години).




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *