Top
stres

Стресот на работа го скратува животот

Стресот кој го доживувате на работното место е неизбежен, особено доколку работата е поврзана со финансиската сигурност. Првите симптоми се постојана главоболка и проблеми со спиењето, кои резултираат со создавање на сериозни проблеми, како што е дури скратувањето на животниот век. После финансиите, работата е вториот најголем стрес кој го трпи човечкиот организам. Истражувањето кое било спроведено докажало дека 60% од испитаниците го посочиле работниот стрес како најголем проблем, а стручните лица истакнале дека овој облик на стрес е поинаков од останатите.

Над стресот во семејното опкружување имаме поголема контрола за разлика од стресот на работното место. Краткорочните последици се прескокнување на оброците и недостаток на сон. Цигарите и алкохолот, како и недостатокот од физичка активност, само дополнително му наштетуваат на здравјето на долгорочен план. Стресот на работа предизвикува зголемување на крвниот притисок, зголемување на телесната тежина и депресија, а тоа се фактори кои придонесуваат за прерана смрт.

Постојат два начини за намалување на овој стрес: првиот е баланс помеѓу изворот на стресот и реалните потреби и вториот начин е да го промените работното место. Медитацијата, пронаоѓањето на внатрешниот мир, физичката активност и долгите прошетки, може само позитивно да придонесат во создавање на отпорност кон работниот стрес.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>