Top
Inteligencija-horoskopski-znaci-iLike-mk

Што вели хороскопот за вашата интелигенција?

Денот на раѓање односно поставеноста на планетите во моментот на вашето раѓање, дава одредени карактеристики кои се својствени само за одреден хороскопски знак.

Астролозите дефинираат 12 куќи, односно 12 знаци, тие се поделени на четири елементи: оган, земја, воздух и вода. Секој хороскопски знак има свои квалитети, свои посилни и послаби страни. Нивото на интелегенцијата кое го имаме односно кој дел од нашата личност е најразвиен е под големо влијание од хороскопскиот знак.

ОГНЕНИ ЗНАЦИ (Овен, Лав, Стрелец)
Имаат интуитивна интелигенција. Тие ги согледуваат можностите и преземаат ризици. Сте виделе некој производ или услуга која направила милиони и си мислите „Зошто мене не ми текна на тоа?“. Токму тоа се тие огнени знаци кои прават огромни заработки, или пак, барем оние кои ги поттикнуваат другите на таков чекор.

ЗЕМЈЕНИ ЗНАЦИ (Бик, Девица, Јарец)
Тие имаат практична интелигенција, од балансирање на парите, па сè до решавање на проблемите на работното место. На земјените знаци не им оди идеално на работното место бидејќи мораат да го решат секој проблем веднаш, што не е баш совршен чекор за околината, но барем носи пари.

ВОЗДУШНИ ЗНАЦИ (Близнаци, Вага, Водолија)
Имаат идеалистичка и аналитичка интелигенција. Овие знаци живеат во светот на идеите и се многу поврзани со дружењето и социјализацијата. Преферираат емоционални идеи. За нив социјализирањето и дружењето се стимулацијата на новите идеи.

ВОДЕНИ ЗНАЦИ (Рак, Скорпија, Риби)
Овие знаци се карактеризираат со перцептивна интелигенција. Тие се оние кои ја разбираат вашата мотивација и го почитуваат начинот на кој се чувствувате. Во Кинеската астрологија, водените знаци се поим за интелигенција. Тие многу лесно се поврзуваат со останатите и се полни со разбирање. Кога ќе размислиме, зборот гениј прво го врзуваме за Алберт Ајнштајн, со хороскопски знак Риби.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *