Top
Obrok

Што треба да се запрашате пред да јадете?

Во хаотичното секојдневие исполнето со куп домашни обврски и прекувремени работни часови, темпото на животот станува се побрзо. Токму затоа, често се случува да јадеме брза храна и посегнуваме по она што ни се наоѓа при рака, притоа не внимавајќи дали таа храна е здрава и дали воопшто сме гладни. Без оглед на тоа дали имате цел да намалите некој килограм или да се храните здраво, пред да посегнете по одреден тип јадење, треба да си поставите неколку прашања.

ДАЛИ ВООПШТО ЧУВСТВУВАМ ГЛАД?
Многу често се случува да посегнеме по храна од чиста досада: чипс како занимација додека гледаме филм, чоколадо кога сме депресивни или лошо расположени, колачиња кога донела колешката на работа… Следниот пат, кога ќе посегнете по оваа храна запрашајте се дали воопшто сте гладни и дали е време за јадење.

ДАЛИ ГИ ВНЕСУВАМ ПОТРЕБНИТЕ ХРАНЛИВИ МАТЕРИИ?
Храната која ја консумираме мора да ни ги дава потребните витамини и хранливи материи кои овозможуваат нормално функционирање на организмот и телото. Освен што мора да биде здрава, храната која ја внесувате треба да биде и врамнотежена. Ако сте имале појадок богат со белковини, тогаш за ручек треба да јадете храна која содржи повеќе растителни влакна, железо и витамин А.

ДАЛИ ХРАНАТА СОДРЖИ ДОВОЛЕН БРОЈ КАЛОРИИ?
Зависно од вашата телесна тежина и желбата за губење на вишокот на килограми, треба да внимавате да не внесувате повеќе од потребниот дневен внес на калории. Појадокот треба да содржи помеѓу 300 и 500 калории, ручекот и вечерата помеѓу 500 и 600 калории, а ужинките околу 150 калории.

ДАЛИ ПОСТОИ ПОЗДРАВА АЛТЕРНАТИВА?
Треба да внимавате со брзата храна. Ако веќе брзате и немате време да јадете здрава храна, народски кажано изберете го помалото од двете зла. Јадете поздрава храна која ќе има помалку калории, маснотии и шеќер.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>