Top
skrseno srce

Што се случува со телото по раскинувањето?

Во врската мислите дека се е во ред, чувствувате како да се наоѓате во облаци и ја сакате личноста покрај вас како никого претходно. Но, како гром од ведро небо се случува да слушнете дека е време за прекин и целосно останувате шокирани. Она што не го знаете е и тоа што всушност се случува со вашето тело во тие моменти.

  • Во моментот кога ќе ве изненади со раскинувањето, бројот на отчукувања на срцето нагло ви паѓа, тврди истражувањето објавено во магазинот „Наука на психологијата“. Научниците следат што се случува со срцето на оние кои се одбиени, и заклучиле дека потчукнува со кое било друго отфрлување во јавноста.
  • Кога шокот ќе се смири, емотивниот стрес почнува да струи низ телото (Што направив погрешно? Ќе останам ли сама до крајот на животот? Тој стрес може да го оптерети вашиот нервен систем, а тоа ќе влијае на вашето спиење, имунитет, и варењето на храната во желудникот. Во многу ретки случаи, тој стрес може да ви го скрши срцето. Едно истражување во Велика Британија дојде до заклучок дека луѓето навистина можат да умрат од депресија затоа што премногу го оптеретуваат срцето по губитокот на саканите.
  • Чувствувате физичка болка. Тоа е така затоа што мозокот испраќа сигнали дека навистина сте повредени.
  • Не размислувате правилно. Почнувате да ги мешате деновите и да ги заборавате работите. Тоа е така поради еден од симптомите на скршено срце, а на сето тоа станува имплусивни, па донесувате одлуки кои можат да бидат погрешни.
  • Се колнете дека никогаш нема тоа да го направите, но сеедно гледате на вашите стари фотографии на социјалните мрежи. Делови од вашиот мозок мислат дека ќе им биде полесно ако повторно го видат она кое до вчера им го донело тоа чувство во љубовта. Според истражувањето, љубовта е како дрога и го привлекува тоа чувство. Особено затоа што вашиот мозок уште не ја процесуирал информацијата дека сте раскинале.
  • На почетокот, заинтересирани сте да зборувате само за раскинувањето, но евентуално и тоа поминува. Кога ќе почнете да се чувствувате осамено, ви се зголемува бројот на хормони и имате порив да што побргу излезете меѓу светот и запознаете некој нов.
  • Месеци подоцна, иако сте ја преболеле таа личност, од време на време ќе се сетите. Тоа се случува за време на нападот на стрес, затоа што вашиот мозок фаќа прво убава мисла која ќе ви падне на ум. Токму поради тоа и косата може да ви престане да расте, но не грижете се и тоа поминува.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>