Top
ljubov_iLike.mk

Што сакаат мажите повеќе од сексот?

Под силната маска и мажите се ранливи суштества што само сакаат да бидат сакани и прифатени. Терапевтот Стив Хорсмон се занимава со совети за животот и одржува работилници за мажите кои сакаат да ги решат проблемите во нивните врски или бракови и на тој начин да ги подобрат.

По неколку години искуство со мажите, тој дошол до интересен заклучок кој би можел да ги изненади жените. Тој вели: „Жените би се изненадиле кога би можеле да ги слушнат моите разговори со мажите. Нашите расправи се контрадикторни на женските сфаќања на мажите. Тие дефинитивно не сакаат само секс.“

Постои нешто што им е подраго од сексот. Тој тврди дека нежниот допир во комбинација со вербално или невербално одобрување им е подраго на мажите од самиот секс. Кога жената нежно со прстите го милува партнерот и истовремено ја изразува својата поддршка и довербата во него, тој потег е помоќен од сексот, затоа што во тој миг мажот се чувствува силно и прифатено.

Причината поради која мажите никогаш нема да признаат дека нешто толку едноставно им е подраго од сексот е тоа што тие се сигурни дека жените никогаш не би им поверувале за тоа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>