Top
Хороскопскиот знак открива каков секс преферира вашиот партнер

Хороскопскиот знак открива каков секс преферира вашиот партнер

Астролозите ви помагаат полесно да ги откриете сексуалните желби и потреби на вашиот љубовен партнер.

Momce-i-devojka-krevet-iLike-mk

ОВЕН
Овенот има голема потреба за адреналин. Најмногу сака утрински секс, а посебно задоволство му причинуваат малку погрубите игри. Од мирисите најмногу „паѓа“ на мошус.

БИК
Ерогена зона на овој хороскопски знак претставува вратот, така да ако сакате див секс знаете на кој дел треба да се сконцентрирате. Уште еден плус за овој знак е чоколадото. Биковите уживаат во слатки, кои се воедно и силен афродизијак.

БЛИЗНАЦИ
Близнаците обожаваат секси играчки, а што се однесува до самиот чин, уживаат во страствена брзина, како и во орален секс.

РАК
Ракот обожава допири по стомакот и градите. Сака сексуални улоги, а идеално место за секс е хотелската соба.

ЛАВ
Лавот, како и секој вистински крал на животните сака доминација и страст. Тој е вистински егзибиционист, ужива во „валкани“ разговори, гребење и секс на места каде што постои опасност да биде фатен. Исто така ужива и во пофалбите кои партнерот му ги дава.

ДЕВИЦА
За Девицата карактеристична е воздржаноста, меѓутоа во кревет таа покажува сосема поинакво лице. Најмногу сака врзување, често користи превез преку очи, а лисиците се на прво место.

ВАГА
Задникот претставува ерогена зона на овој знак. Освен тоа, таа обожава маскирање во кревет и играње улоги.

СКОРПИЈА
Шкорпијата нема никаков проблем со дискретноста. Таа без проблем ќе се согласи на секс на јавно место, сака да испробува различни работи и обожава мистичност.

СТРЕЛЕЦ
Стрелецот е уште еден авантуристички знак. Тој многу лесно се согласува на секс на јавно место, како и за било која сексуална игра.

ЈАРЕЦ
Јарецот сонува за секс на „висина“. Најверојатно сте помислиле на разни можности, но ако сакате на партнерот роден во овој знак да му пружите најголемо задоволство одведете го на зимување на некоја планина.

ВОДОЛИЈА
Водолијата ужива во „валкани“ разговори и често ги практикува, а сака и секс преку телефон. Фантазира за секс во тројка и сака да користи сексуални играчки.

РИБИ
Ерогена зона на овој знак се стапалата. Кога се работи за самиот секс, овој знак обожава да ги снима своите сексуални игри.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *